Боки 13: Барам изземање на Вилма Рускоска, имам докази против неа тешки 4 МИЛИОНИ ЕВРА!

Македонија

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното судско рочиште кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Русковска вреден четири милиони евра. Поради тоа, побара нејзино изземање од „Рекет“.

Јовановски не образложи за што станува збор, и побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа. Кажа дека се обратил до обвинителството, но таму го пренасочиле на судот.

Судијката Николовска Масевска му одговори дека сѐ што има како пријава и докази треба да ги достави во обвинителството.

извор: Курир

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged