(ВИДЕО) Трипуновски: Засилени контроли за заштита на рибата во Охридското Езеро

Охрид

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Охрид најави засилени контроли на Охридското Езеро, со цел заштита на рибниот фонд.

– Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и е без заштита, Миинистерството за земјоделство преку Државниот инспекторат, заедно со Министерството за внатрешни работи да ги засилат контролите на терен, со цел заштита на ова природно богатство и рибниот фонд што дополнително е загрозен, рече Трипуновски.

Тој потсети дека минатата година не е спроведено порибување со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, а прашање е дали и оваа година ќе биде извршен вештачки мрест што, според него, дополнително го загрозува рибниот фонд.

– Со МВР изминатиот период имавме успешна соработка, но овој апел е со цел во иднина да се засили контролата не само во охридскиот туку и во струшкиот регион, за заштита на националното богатство до избор на нов концесионер, рече Трипуновски.

Изминатите неколку дена се фатени сторители на бесправен лов на риба од езерото и против нив се поднесени соодветни пријави.

Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и е без заштита, Министерството за земјоделство преку Државниот…

Posted by Цветан Трипуновски on Wednesday, 29 January 2020

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged