Нарушен јавниот ред и мир пред казино во Охрид

Охрид

На 29.01.2020 година во 09.45 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, со карање, викање и кршење на дел од апаратите, извршено од 28-годишен охриѓанец, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Тој, од работниците на обезбедување, еден 25-годишник и двајца 37-годишни сите од Охрид, бил изнесен надвор од објектот каде физички ги нападнал. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува Димоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged