На 18 октомври одбележување на 1.000 години Бигорски манастир

Македонија

Во функција на подготовките за прославата на големиот јубилеј, 1.000 години од основањето на Бигорскиот Манастир, игуменот на ова древно светилиште, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, имале средба со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

– Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид, нашиот Старец го запозна Митрополитот и побара благослов за предвидените активности, како и помош за подобра организација за што подостојно одбележување на оваа уникатна и мошне значајна годишнина, објавија од манастирот на нивниот веб сајт.

На состанокот била постигната взаемна согласност за претстојните манифестации, а притоа бил договорен и конкретниот датум за главната прослава.

– Како најсоодветно решение беше избран 18 октомври, со тоа што се очекува официјална потврда на овој датум, на следната Синодска седница најавена за 6 февруари, стои во објавата.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged