(ВИДЕО) Секунди броеше за уривање на дивоградбите во Охрид, а не урна ниту една и дозволи да се градат нови дивоградби

Охрид

Дали охриѓани заслужуваат ваков однос на градоначалникот Константин Георгиески?

Се сеќавате велеше часови се во прашање кога ќе се уриваат дивоградбите, па броеше секунди, прикажувајќи се како спасител на Охрид.

Почетокот на акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти се брои со денови. Апелирам до сите кои добиле решенија за остранување на објекти, независно дали се работи за платформи, тераси, бетонски бази и друг вид нелегално изградени објекти, не ден побрзо, туку час поскоро да почнат сами да ги острануваат. Уривање во Охрид ќе има многу скоро, рече Георгиески и нагласи дека никој нема да биде поштеден ќе се руши апсолутно се.

Но, никој не избегал од времето. Од оваа изјава дадена на 05 Септември 2019 година до денес, не само што не урна ниту една дивоградба, туку пред негови очи за време на мораториумот се изградија уште дивоградби.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged