Сообраќајка на патот Охрид-Струга, едно лице тешко повредено

Црна хроника

На 02.02.2020 година во 16.20 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, случена е сообраќајна незгода во која, патничко моторно возило „Фиат Брава“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(32) од струшкото село Лабуништа, удрило во пешакот Ј.Т.(33) од селото Волково, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата, увид  изврши увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged