(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Расипничкото или (не)транспарентно работење на Ногачески

Регион

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца со реакција на работењето на градоначалникот на општина Дебрца.

Во реакцијата се вели:

Сакаме да го прашаме Ногачески дали ваков живот им вети на граѓаните и вака транспарентно ги троши нивните пари? И покрај одлуката за зголемуавање на водата за 20%, во првиот квартал на  ЈКП Дебрца за 2019 година има направено загуба во износ од 377.855,00 денари за само три месеци работење. Сакаме да ја запрашаме локалната власт на чело со градоначалникот Ногачески зошто и покрај загубите на ЈКП Дебрца ги трошат парите на граѓаните на репрезентација каде што потрошиле цели 41.131,00 денар, за дневници за службени патувања во висина од 13.581,00 денар, дури и надомест за користење на сопствено возило во висина од 10.500,00. Дали вакво расипничко работење ветуваше пред избори градоначалникот во заминување уверете се сами?

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged