Со поетско читање, во Охрид се одбележа роденденот на А. Ден Долард

Култура

Со традиционалното поетско читање, денеска во Културно Информативниот Центар „Култура 365“, поети го одбележаа 118 роденден на најголемиот промотор на Охрид и Македонија во Холандија, А. Ден Долард.

За животниот пат и творечкиот опус на А. Ден Долард, говореше писателот Мишо Јузмески, најдоследниот негов проучувач на балканските простори, основач на “Спомен – домот” на Долард во Охрид.

Поетскиот поздрав, го направи поетот Тоде Илиевски, со песната „Монолог за А. ден Долард“, по што настапија поети од Охрид, Струга, Прилеп, Скопје и други градови.

Поетите, денеска го посетија и неговото спомен обележје, на влезот во Холандскиот парк.

Инаку А. Ден Долард за првпат доаѓа во Охрид во 1931 година и од тогаш па се до неговата смрт во 1993 година ги промовира убавините на Охрид во неговата родна земја Холандија, преку неговото најпознато дело култниот роман “Свадбата на седумте Цигани”.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged