Охрид во минатото

Охрид

За формирањето на „Билјана“. Педесет и седма година. Ко се отвараше „Палас“, директорот на „Палас“, Јоне Кузман дојде ке мене и ми рече: „Кузман, дали мојме да напрајме некое составче кое би свирело во „Палас“, а „Палас“ тогаш беше за Охрид, не за Охрид, да не претерам, а за Македонија, и за Македонија“, ексклузив, ногу убав хотел беше. И јас му се нафатиф: „Добро“, рекоф, ќе напрајме оркестар. И јас и неколку души од Охрид: Ѓоко Илиевски – клавир, Стево Костоски – виолина, Раде Пуроски – тапани, Миле Трендафил – кларинет свиреше, понекогаш го земафме, немафме кој, земафме по некојх од овие Ѓупциве шо свирет на кларинет и така го формиравме,  и како ќе му дајме име, ај „Билјана“ наша охриџанска песна си имаме и така го крстривме – „Билјана“ и така го формиравме „Билјана“. Со текот на годините Ѓоко Илиески сјојде, дојде Сотир Димитроски беше директор на хотелот „Орце Николов“ тој се прикључи кон нас. И Стево Костоски, покојни, умре, и ние наместо него го зедовме Адем Бајрам. То е син на еден чалгаџија, на еден трубадур, кој и тој повремено настапвеше со Садиловци, и тој е карактеристичен, и тој свирит со лева страна. Сите терсене, тој наопаку, е, така викаја. Сега имаме двајца помлади, Никола Ѓорѓиески и Јосип Миленкоски и така да „Билјана“ се ушче работит и опстојуват.

„Билјана“ е позната не само во Охрид него и преку цела бивша Југославија. Сме биле на гостовање во Љубљана, во хотел „Лев“ петнаесет дена, три-четири пати сме одени во Белград во хотел „Југославија“ кај се одржвени Охридски вечери. Таму сме настапиле по петнајс дена. Сме биле во Нови Сад, во Загреб сме биле на Македонски вечери. Па немат град во Македонија кај не сме биле. „Билјана“ била на гостовање во Аустралија четрс и пет дена, триесет дена бефме на гостовање низ Холандија и Германија, триес дена бефме на гостовање низ Италија и Шпанија, триес дена сме биле на гостовање во Америка, триес дена сме биле на гостовање во Канада, сакам да речам „Билјана“ репертоарот нејзин го имат презентирано, да не претерам, во Германија во Холандија, во Шпанија, во Италија, во Аустралија, во Канада, во Америка и во ногу, ногу други земји. На репертоарот, рекоф, имаме не само наши песни, имаме и други македонски песни. За цело време досега „Билјана“ имат снимено шес лонг-плејки и три сингла. Од тие шес една лонгплејка е сребрена, а и една сингл е сребрена. Да се пофалам оту во оркестаров имаме Влав еден од Струга, сме снимиле две плочи на влашки. Сме снимиле десет песни и две ора за влашката емисија која одит на Телевизија Скопје. Сме снимиле безброј емисии за Телевизија Скопје, така да рекоф, не е мала работа во една наша мала Македонија да имаме две сребрени плочи. Скопје и снимафме плочите, ама плочите се праеја во „Југотон“, ние бефме ексклузифци на „Југотон“. То ногу голема работа. Ево и сега „Билјана“ се ушче работат. Дваесет и четири години непрестано свириме во хотел „Бисер“, то е во Струга. И се` ушче свириме, и се` ушче сме во форма сите, едино малу чичко Сотир ни подостаре, ама зато другите сите сме на број, се` ушче настапвиме, се` ушче работаме.

(К. Поп Стефанија, 1935)

Училиштето и детските игри. Животот на младите.

Имафме тога во маалата и дечина м’шки, ама немафме тога разлика, машки-женски не се праеше разлика. Играфме, ѓонде се викаше то. Ќе клаефме едно камче и сите отаму земи удирај на него, на то. Децава, другарчина по нас идаја, имаше Алија, Андон, Љамбе, Наце, Копро, сите демек, вака играј си, прај си другарски. Е на Поклади еднушка, от е Поклади, ќе им дајме да се облечет во фустани. Едната имаше капа, носеше капа. „Дај, ќе ни дајте“. „На“. И сега се облекоа тие во женско, машките, му дадофме. И сега идет и не гибет со стапојте и му велиме: „Ем ве облекофме, ем сега нас не` вознемирувате“. Али немаше тога она – било машко, било женско, другарски, како братчина си се сакафме сите, демек комшии.

(С. Размоска, 1909)

Од детството ми остана во спомени игрите кои ги играфме ашици, бинек, тегнало, лопка, ама тога немаше фудбалски лопки, праефме од крпи лопки, само, со чорап ќе обвиефме, женски чорап, натре со крпи, со такви лопки, то ни беше занимавање. Иначе некој посебни игри како денешниве деца шо имет, такви игри не сме имале.

(Б. Стевчевски, 1922)

Од книгата „Така се зборува во Охрид“ приредиле Лилјана Гушевска и Лилјана Минова – Ѓуркова, Скопје 1999.

Подготви:МаркоКитевски

OХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged