По четврти пат во Охрид теквондо семинар со гранд мастер Ким Унг Чол

Спорт

Теквондо клубот ХВАРАНГ-ИТФ од Лескоец викендов по четврти пат ќе организира национален технички теквондо ИТФ семинар, кој ќе го води еден од најдобрите мајстори во светот професор гранд мастер Ким Унг Чол црн појас 9-ти дан, претседател на комисијата за организирање на натпревари во ИТФ, од Северна Кореја.

Тренинзите ќе се одржуваат во новата сала на клубот во Домот на културата во Лескоец и тоа во следните термини: сабота, 9-ти февруари од 10:00-12:00 и од 17:00-19:00 часот, а во недела од 10:00-12:00 часот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged