Заев си пишувал со Боки шест дена пред да го пријави рекетот

Македонија

Обвинителката Ивана Трајчева на денешното рочиште за „Рекет“ презентираше докази од комуникација помеѓу Бојан Јовановски и Зоран Заев

Најпрвин уште во февруари Боки испратил скриншот од комуникацијата што ја имале со Заев до мајка си. Со Заев комуницирале неколку пати, а последната комуникација ја оствариле една недела пред тогашниот премиер да го пријави случајот.

Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име, јас никогаш не играм двојни игри. Барам уште еднаш да размислите да се видиме, му пишува Боки на Заев.

На ова Заев му возвраќа:

Ќе се видиме, морам да ги видам доказите, ова е чист рекет, нè очекуваат крупни одлуки, јас ова морам да го пријавам, му пишал тој шест дена пред да го пријави.

OХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged