Тешка сообраќајка на патот Охрид – Кичево, кај Ботун: Еден тешко повреден

Охрид

Вечерва во 18:30 на патот Охрид – Кичево, кај селото Ботун се случи тешка сообраќајна незгода.

Настанот го потврдува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Несреќата е случена во 18:30 кај селото Ботун, помеѓу три возила. Еден е тешко повреден и пренесен е во болницата „Св. Еразмо“. Увидот на местото на несреќата е во тек, вели Димоски во изјавата за ОХРИД 24.

Според неофицијални информации дошло до судир помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ и тешко товарно возило и двете со странски регистарски ознаки. Од силината на ударот Мерцедесот излетал на другата коловозна лента, по што во него удрило друго моторно возило.

На местото на несреќата има полициски и медицински екипи.

Сообраќајот на патниот правец е целосно запрен, а долги колони возила има во двата правци.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged