Отворена шахта во близина на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, директна опасност за возрасните и најмладите

Регион

Во непосредна близина на ООУ ,,Браќа Миладиновци“, Струга, на улицата ,,Јово Стефаноски-Риле“ каде што секојдневно учениците, како и останатите граѓани поминуваат, има отворена шахта која што претставува дирекна опасност. Граѓаните и родителите кои ги носат своите деца на училиште, ја забележаа оваа опасност и остро реагираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга, во денешното соопштение.

– Се прашуваме, зарем ова е грижата на владата на СДСМ за најмладите? Сите сме повеќе од свесни што се може да се случи и колкава опасност претставува отворена шахта, пред самиот влез на училиштето. Оваа власт на СДСМ, секојдневно пропагира мерки за најмладите со кои ја демонстрира својата ,,грижа за нив, но практиката и реалноста, како што се забележува, покажуваат нешто сосема друго, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга и додаваат:

„Почитувани господа од власта, ништо од вашите лажни ветувања, кога вашата неспособност секојдневно ја доживуваат граѓаните на сопствена кожа. На 12 април ќе се соочите со фактот дека граѓаните не веруваат на ниту едно ваше ветување затоа што за период од 3 години, од Македонија направивте пепел. Ви даваме збор дека ќе има силна Обнова на Македонија зашто граѓаните го заслужуваат тоа!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged