(ФОТО) На што личат улиците во Охрид

Охрид

Песок, разни отпадоци, кал, прашина, гнасни и неизметени. Ова е сликата за охридските улици.

Граѓаните коментираат дека улиците низ градот никогаш не биле погнасни. Тие прстот за ваквата слика го вперуваат во надлежните за хигиената во градот, односно ЈП „Охридски комуналец“.

Ваквата состојба на улиците има одредено влијание и врз воздухот кој го дишат граѓаните, а кој во последниот период бележи алармантни бројки на висока загаденост.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged