ЈП „Билјанини извори“ Охрид и должи на државата преку 27 милиони денари

Охрид

Управата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и
царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Од охридските фирми и претпријатија во првите сто има три.

АМАК СП АД Охрид се наоѓа на 32-то место со долг од 42,9 милиони денари. По него следува Авто делови заштитно друштво ДООЕЛ Охрид, кое со долг од 32,4 милиони денари е на 43 место.

Во првите сто се најде и едно јавно претпријатие. „Билјанини извори“ на државата и должи преку 27 милиони денари и се наоѓа на 54-тото место.

На листата на должници се 2.071 должници – правни лица, повеќе за 76 од претходната листа и 2.529 физички лица, повеќе за 14 од претходната листа.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.195.548.760 денари.

Целата листа ТУКА

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged