Барање за извинување на Сашо Донев, по повод клеветничката прес-конференција на ГДУ

Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, со реакција на денешната прес-конференција на ГДУ Охрид. Во реакцијата на Донев се вели:

Портпаролот на ГДУ го допре дното. Незнаејќи како да го подобри рејтингот на својата партија почна да се служи со лаги и невистини на најнизок начин, предизвикувајќи повреда на честа и угледот на споменатите лица на својата клеветничка прес конференција.

Го повикувам да ја праша јавно директорката на болницата зошто за лекари не се примени највисоко рангираните кандидати туку примила послабо рангирани кандидати по нечија директива.

Имено, на конкретниот конкурс кој се споменува не беа примени ни најдобро рангираната кандидатка ни мојата сопруга, токму заради партиска неподобност. Примени беа лекари со понизок успех на тестирањата, додека објавената табела е табела на освоени бодови од успех, стручен испит и странски јазик, а не листа на избрани кандидати.

Го повикувам согласно Законот јавно да се извини во рок од 24 часа на начин и место како што беа првично дадени лажните тврдења, во спротивно до надлежниот суд ќе биде покрената соодветна тужбена постапка.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged