За СДСМ Мукоски беше терорист, а сега е реформист

Македонија

Само што започна седницата на која треба да се гласа законот за јавно обвинителство, повторно е прекината, откако Емилија Александрова побара пауза, поради, како што кажа, некоректниот однос. Имено, атмосферата во салата ексалираше кога дел од осумтемина „независни“ пратеници, кои гласаа за промена на Уставот и името, а сега ќе гласаат и за насила протурканиот предлог-закон за јавно обвинителство, се побунија кога беа прозвани од страна на пратеникот Антонио Милошоски.

– Крсто Мукоски за нас е колега. Но, за СДСМ, за Дескоска, за Ременски, за Зекири, Крсто Мукоски беше терорист. Тоа го кажаа. Сега, Крсто Мукоски за нив е реформист. Сега нема проблем што зема тендери. Пред да гласа, ќе го чешлаа заради тендери, рече Милошоски.

На ова, амнестираниот Крсто Мукоски рече дека смета дека си го одлежал своето за таа несвесна грешка што ја направил, алудирајќи на настаните од 27 април.

На крај и Сашо Василески со пцовки, навреди и дерење се обрати кон Милошоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged