(ФОТО) Викенд временска прогноза: Не чекаат убави денови

Македонија

Во текот на утрешниот ден локално се уште ќе има малку повеќе облаци, а ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од северен правец, во недела времето пак ќе биде претежно сончево. Наутро температурите на воздухот на многу места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, малку потопло се очекува да биде во крајните југоисточни предели.

Стабилно, суво и сончево време ќе имаме и на почетокот од следната недела, максималните дневни температури на воздухот на многу места ќе се искачуваат над 10 степени. Во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 20 степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината. Сето ова ќе биде поради влијанието на значително потоплата воздушна маса од југ.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged