Во домот на 61-годишен охриѓанец полицијата пронајде хероин и марихуана

Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, марихуана, мешавина од кофеин и парацетамол, како и други предмети со остатоци од хероин.

извор: МВР

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged