(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Расипничкото владеење на Ногачески продолжува

Регион

Расипничкото владеење на Ногачески продолжува. Пред да дојде на власт ветуваше дека ќе ги намали непродуктивните трошења за весници, списанија и огласи меѓутоа ништо од тоа, како и за се што вети ништо не направи, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца во денешниот допис до медиумите.

– Сакаме да ја запознаеме јавноста дека Ногачески и овој пат ги излажал и потрошил неверојатни 315.973.00 денари за весници списанија и објавување на огласи во 2018 година што може да се види во завршната сметка на Општина Дебрца за 2018г. Отука сакаме да го запрашаме Ногачески дали со овие средства ги купува порталите за да го фалат замајувајќи ја јавноста за неговиот неуспех и прикажувајќи го во успех? Дали ваков живот ветувавте пред да дојдете на власт? Затоа за брзо време обновата ќе дојде и во Дебрца, а вие градоначалниче ќе заминете, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца.

ОХРИД 24  

Please follow and like us:
Tagged