Улицата Железничка станува црна точка во сообраќајот: Нова сообраќајка во која има тешко повреден пешак

Црна хроника

На 16.02.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Охрид патничко возило „пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(33) од Охрид, удрило во пешакот З.С.(62) од с.Велгошти, охридско. Во незгодата З.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: МВР

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged