УХМР: Од утре засилен ветер, а од четврток дожд и снег

Македонија

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Утре ќе преовладува топло време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува и над 70 километри на час. В четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи на снег ќе има во западните делови каде на планините ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали, велат од УХМР.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged