Охриѓанка тешко повредена во сообраќајка

Црна хроника

На 27.02.2020 во 16 часот, пријавено е дека во Охрид на крстосницата со кружен тек од улицата „Македонски просветители“ со булеварот „Туристичка“, патничко моторно возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (32) од Охрид, удрило во пешакот С.К.(45) од Охрид.

– Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница “Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош, истакна портпаролот на СВР Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Охрид.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged