Мицкоски: Тие се мафија која се бори за власт и пари, ние се бориме за заедничката иднина на Македонија и повеќе за сите

Македонија

Тие зборуваат за редефинирање, ние зборуваме за силна Македонија.
Тие зборуваат за земање од граѓаните и покачување на даноци, ние зборуваме за враќање кај граѓаните и бизнисот и повеќе пари. Тие е познато дека не умеат и лажат, а ние со чист образ и силна верба велиме дека ќе успееме.
И во борбата сме различни. Тие се мафија која се бори за власт и пари, ние се бориме за заедничката иднина на Македонија и повеќе за сите. Тие со подвиткана кичма, ние исправени, заедно ќе одиме до крај, за промени, нов почеток и силна економија, пишува на Фејсбук Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Според Мицкоски, гласот за обновата е поддршка за:

• Зголемување на просечна плата во државата за +25%
• Зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20%
• 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години.
• Рамен данок од 8%.
• Невработеност под 10% – едноцифрена невработеност.
• Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола.
• Нов асфалт за сите регионални патишта во државата, 1000 км нов асфалт
• Нова фасада и прозорци за домовите, при што 50% е на трошок од државата.
• Набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата.
• Бесплатен приклучок до гас за секое домаќинство.
• За 50% почист воздух.
• Нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата и 1 000 нови вработувања…. И многу други проекти.

Обновата доаѓа!, пишува Мицкоски.

Тие зборуваат за редефинирање, ние зборуваме за силна Македонија.Тие зборуваат за земање од граѓаните и покачување на…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 28 February 2020

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged