Охриѓани извршиле тешки кражби низ градот и приградските населби

Црна хроника

Поради постоење основи на сомнение за сторени 11 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) како и против К.А.(48) за казненото дело „прикривање“, двајцата од Охрид.

– Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги извршил во периодот од 01.10.2019 до 21.01.2020 година во викенд-станови и куќи во Охрид, во приградските населби  Рача и Исток како и во викендици и хотел во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тој користел подесен алат и физичка сила и одземал електрични апарати, бела техника, прехрамбени производи и пијалоци, уметнички слики  други предмети, кои потоа му ги давал како залог на второпријавениот К.А, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged