ВМРО-ДПМНЕ во соработка со (НДИ) во Струга организира дводневен настан чија цел е градење на нови политики и обука на раководството

Регион

ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) организира дводневен настан чија цел е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата.

Настанот почнува денеска во Струга, а ќе го отвори и на учесниците ќе им се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ др. Христијан Мицкоски, Крис Хеншоу, Директор на НДИ Македонија и Гречен Биркл, Заменик помошник администратор за Европа и Евроазија, вршител на должно претставник на Канцеларијата УСАИД.

Дводневниот семинар се одржува со наслов ,,Рефлектирање за минатото, планирање за иднината’’.

НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи,  реструктуирање и подготвување на нови програми.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged