Откако три години не направија ништо, на СДСМ на еден месец пред избори им текна дека локалните патишта во Струга се во катастрофална состојба

Регион

Општина Струга потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, за да се обезбедат средства за изградба и  поправка на локални патишта. Замислете на СДСМ дури денес, на еден месец пред избори им текна дека локалните патишта во Струга се во катастрофална состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

Ако СДСМ имаше за цел да ја подобри патната инфраструктура во Струга, имаше време 3 години, а не сега кога е невозможно да се оствари ова ветување до 12 април, затоа што следниот ден е почетокот на нивната длабока опозиција. А замислете, направиле проект дека до 2024 година, ќе ги реализираат поправките и изградбите на локалните патишта! Да не заборавиме СДСМ ветуваа дека автопатот Кичево-Охрид-Струга ќе се изгради во најбрз можен рок, па покрај основниот кредит, СДСМ потпиша уште два анекси со кој се задолжи за дополнителни над 300 милиони евра, а од реализацијата нема ни 300 метри изградени, а кракот од автопатот кон Струга што беше предвиден да се гради, целосно го тргнаа од реализација!, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга и надополнуваат:

Премногу сте провидни во вашите ветувања пред граѓаните, на само еден месец до избори и за 3 години владеење не научивте, дека народот не потклекнува под вакви квази ветувања, затоа што за 3 години се збогатија неколку фамилии блиски до СДСМ и Зоран Заев, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Вака избори не се добиваат, сега ви текна на проблемите на граѓаните, а до вчера бевте глуви и неми, ве интересираа само бизнис зделки и удобни фотелји! Она што вие го нудите е целосен колапс на економијата на Република Македонија која секојдневно ја задолжувате, за разни проекти кои што не ги ни почнувате, а камо ли да ги завршите! Свесни од поразот кој ви претстои, се фаќате како давеници за сламка, ама прекасно е, затоа што за три години од Македонија направивте прав и пепел! Обновата на Македонија е на повидок! Затоа што Обновата е обнова за секој еден граѓанин на Република Македонија без разлика на вера и нација!“

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged