(видео)Десет млади фудбалери изгореа во пожар во Бразил

Свет

Десет млади фудбалери загинаа во пожар во тренинг-центарот на клубот „Фламенго“ во Рио де Жанеиро, Бразил.

Зградата која припаѓа на академијата на овој славен клуб е целосно уништена во пожарот што се случи рано утрово.

Иако идентитетот на жртвите сè уште не е познат, бразилските медиуми објавија дека во објектот биле сместени играчи на возраст од 14 до 17 години кои спиеле кога избувнал пожарот.

Причината за пожарот засега не е позната.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged