Поголема група гастарбајтери од Италија сомнителни на корона, побарале помош во струшката болница

Регион

Поголема група гастарбајтери од Италија пред неколку дена пристигнале во Струга. Сите имале симптоми на корона. Како што дознава Република тие веднаш се јавиле во локалната болница.

Но, тогаш настанала вистинска паника меѓу персоналот бидејќи болницата нема толкав капацитет одеднаш да прими толкав број пациенти па биле дури викани лекари кои биле во пензија.

Од болницата во Струга потврдуваат дека дошла поголема група, но смируваат дека тие немале симпотми на корона вирусот.

– Да точно е дека се пријавија за преглед, но ниту еден не беше заразен, велат од болницата во Струга за Република

Please follow and like us:
Tagged