ВМРО-ДПМНЕ Струга: СДСМ ја манипулира струшката јавност

Регион

Претседателката на ОО СДСМ од Струга одржа прес конференција на која несовесно ја манипулира струшката јавност!, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга

– Но, да почнеме од почеток…

Се прашуваме, како тоа, одржала партиска прес конференција, на која присуствуваат две лица позади неа, кои се вработени во државни и локални институции, што значи дека треба да се на работно место, а не на прес конференција?!

Значи, бараме соодветните институции да поведат постапка, веднаш и да ги преземат сите мерки за отсуство од работа за партиски цели.

Погледнете и слушнете колкав е апсурдот, кога самата кажува на прес дека ќе се борат за праведна држава, а нивните партиски членови не си ги исполнуваат, ниту почитуваат работните задачи и обврски, за да одат во партиските штабови и да обавуваат работи за партијата!

Второ и многу важно…

Да прашаме, дали си верувате на тоа што го зборувате на прес конференцијата?!

Не изгледате некако убедливо и сигурно!

Трето… Кажавте многу работи, а ништо конкретно за Струга и нашите сограѓани, или прес конференцијата Ви беше за да го пофалите Зоран Заев?!

Четврто… Како тоа, се залагате за правна држава и некорумпирано судство, кога ваши партиски кадри кои се судии и јавни обвинители се директни учесници во најконтраверзниот случај Рекет во историјата на Република Македонија, предводен од вашиот миленик Зоран Заев?

Петто… Се изнафаливте за работата на ЈП ,,Комунално”, а Струга никогаш не била позатрупана во ѓубре, кое го има на секој агол од градот!

Шесто… Полни ви се устите со повисока плата, а платата никаде ја нема!

Седмо… Ветивте дека Македонија ќе ја внесете во ЕУ, а од ЕУ по сите опомени и записници, ви сугерираат дека сте најкорумпирана Влада. Па, како тоа, планирате Македонија во ЕУ, кога Зоран Заев и високото раководство на СДСМ се  замешани во милион криминални активности!

Осмо… И многу иронично, и контрадикторно, сте го издигнале интегритетот на Македонија!? Како тоа го направивте, со менување на името и бришење на историјата и културното богатство!?

Девето… Македонскиот народ повеќе не се плаши од вашите уцени, закани и угнетувања затоа што и повеке од јасна е вашата желба, само за моќ и власт!

Десетто… Одговорете каде е ташната  Louis Vuitton, а потоа можеби и ,,ќе поверуваме” во вашата ,,заложба” за правна држава и некорумпирано судство!, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged