Казна од 3.000 евра за охриѓанка, која наместо да седи во изолација излегла да се шета

Охрид

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид достави Предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Р.Швајцарија. Обвинетата сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 март годинава, 47- годишната македонка допатувала од Р. Швајцарија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, преку граничниот премин Ќафасан. Иако на 18 март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16 март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19, не постапила по наведените обврски. Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар.

Обвинителството до надлежниот суд во Охрид поднесе предлог на обвинетата да и биде изречена кривична санкција-парична казна во висина од 100 дневни глоби со 30 евра вредност на една дневна глоба.

Please follow and like us:
Tagged