Георгиески без документација издал налог за санација на Потпорните ѕидови

Охрид

Откако в.д. градоначалникот Константин Георгиески беше на одбележувањето на 126 години од смртта на Григор Прличев и забележа во каква состојба се наоѓа потпорниот ѕид кај ОУ ,,Св.Климент Охридски” денеска дозволи без никаква законска документација да започнат градежните работи.

Општината без никаква градежно-техничка документација на фирмата ,,Бокоп” – Струга и издала налог за работа на градежни активности за кои нема Решение согласно Законот за градење. Според истиот закон Општината издава решение согласно ревидиран основен проект со разработени геомеханички испитувања.

Во моментов градежни активности за изградба на потпорен ѕид се одвиваат и на локалниот пат помеѓу селата Вапила – Расино.

Обиколката на градежните активности во градот отвори и откри низа нерегуларности како се одвиваат градежните работи.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged