Охриѓанец и стружани заработија кривични пријави за измама и фалсификување

Охрид

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Џ.(40) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама при добивање кредит или  друга  погодност“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување на исправа“, М.К.(66) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“ и „фалсификување на исправа“ и Р.Ѓ.(44) од с.Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавениот, вработен во фирма од Охрид, склучил договор со второпријавениот и потоа набавил лажна потврда на име од М.К., иако истиот никогаш не бил сопственик на патничко возило „нисан“, искористувајќи го неговиот статус на повратник, а истиот бил и соизвршител на делото. Потоа, набавените лажни документи ги приложил како доказ за започнување постапка за идентификација во Бирото за метрологија при Министерството за економија – Скопје и во Станица за технички преглед во Охрид за регистрирање на предметното возило, па   на 21.09.2016 го регистрирал предметното возило. Третопријавениот ја употребил фалсификуваната сообраќајна дозвола во патниот сообраќај. 

извор: МВР

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged