2.000 евра казна за охриѓанец кој имал контакт со лице заболено од КОВИД-19, а не го почитувал задолжителниот здравствен надзор и должноста за самоизолација

Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 61 година, жител на Охрид кој го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот на 19 март му била издадено решение од Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат  со цел навремено преземање на посебните противепидемиски мерки за заштита на населението од ширење на опасната болест предизвикана од коронавирусот. Тој имал претходен контакт со лице заболено од COVID 19, па бил ставен под здравствен надзор во период од 14 дена со обврска да биде во домашна изолација поради опасност од натамошно ширење на болеста. Но, на 21 март обвинетиот излегол од домот и се упатил во непознат правец.

Со Предлогот за издавање казнен налог, јавниот обвинител побара од судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 20 евра во денарска противвредност.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged