Филипче: Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент

Охрид

Одделението за трансфузилогија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице кое како пациент  дошло преку системот „Мој термин“, а по неколку дена му се развиле симптоми и сега е дефинитивно дијагностициран со коронавирусот, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Согласно контактот што го имало лицето со сите вработени иако не се сите во висок ризик беше донесена  одлука од страна на епидемиолозите сите десет вработени, докторите, медицинските сестри, помошниот технички персонал да бидат во домашна изолација, изјави Филипче.

Посочи дека снабдувањето со крв во Охрид не е загрозено поради затворањето на Одделението за трансфузиологија.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged