Трета жртва од коронавирусот во Македонија

Македонија

Почина жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше пренесена на Инфективната клиника во Скопје, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Таа подолго време беше на респираторна машина. И покрај сите напори на медицинските лица и интензивната терапија таа почина. Според историјата на болеста таа примала хронична терапија за хипертензија. Имаше 66 години, изјави министерот Филипче.

Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Италија.

Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.

Претходно починаа 57-годишната кумановка на која постхумно и беше дијагностициран КОВИД-19 и 63-годишен маж од Дебар.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged