Викендов е забрането движење за сите граѓани од 16 до 5 часот наутро

Македонија

Викендов ќе биде забрането движење на сите категории граѓани од 16 до 05 часот, соопшти портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, на крајот од прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на прес-конфренцијата беше најавено дека Владата размислува на ваков чекор и дискутира по предлогот како да се организира полицискиот час и движењето од петок до понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција рече дека има повеќе опции.

Веќе е во тек полициски час од 21 до 5 часот наутро, лицата над 67 години смеат да излегуваат од 5 до 11 часот, а младите до 18 години, од 12 до 21 часот, кога всушност почнува и полицискиот час.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged