24 нови случаи на коронавирус во земјата: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1)

Македонија

Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје (123)
  • Дебар (43) од кои 2 починати
  • Куманово (15) од кои 1 починат
  • Штип (8)
  • Велес (3)
  • Охрид (3)
  • Кавадарци (2)
  • Прилеп (2)
  • Гостивар (1)
  • Тетово (1)

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged