Охридската полиција синоќа со полни раце работа

Охрид

Безбедносната состојба на  подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 25.03 до 07.00 часот на 26.03.2020 година, забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од  ширење на коронавирус COVID-19, ја прекршиле две лица (Струга-1 и Кичево-1). Во Охрид околу 20.30 часот и во охридското село Лескоец околу 22.30 часот, два угостителски објекта не ја почитувале забраната за работа и вршеле послужување на гости. Притоа, во угостителски објект лоциран на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, по што приведен е сопственикот на објектот. Од страна на Државниот пазарен инспекторат, објектите се затворени и против сопствениците ќе биде поднесена кривична пријава. Полициските службеници во Охрид укажаа помош на лице со нарушено здравје кое, од улицата „Питу Гули“ е префрлено во Општата болница. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 дневна самоизолација, стои во соопштението испратено до медиумите од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged