(ФОТО+ВИДЕО) Грда слика за Охрид: Депонијата кај „Бејбунар“ од ден на ден се поголема, а реакција од надлежните нема

Охрид

Купишта градежен шут и кабаст отпад. Ваква е сликата на дивата депонија кај неасфалтираната источна трансферзала, од бензинската пумпа „Билјанини извори“ до улицата „Карпош Војвода“, која од ден на ден зафаќа се поголеми размери.

Граѓаните апелираат до надлежните да преземат мерки, да ги најдат несовесните граѓани кои фрлаат ѓубре тука и воедно да го исчистат овој потег кој се наоѓа во подножјето на Националниот парк „Галичица“ и каптажата од која со вода се снабдува голем број од населението во Охрид.

Posted by Peco Pavlovski on Thursday, 26 March 2020

фото и видео: Пецо Павловски

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged