Мицкоски:ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари уверлива победа во Охрид

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ на престојните вонредни локални избори во Охрид ќе оствари голема победа вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Според него сондажите на терен и партиските анализи покажуваат дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари уверлива победа во Охрид.

Во однос на тоа кој ќе биде нивниот кандидат, Мицкоски истакна дека постапката за избор е во тек и се одвива согласно статутот на партијата.

Освен за Охрид, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека партијата ќе ја однесе победата и во струмичко Ново Село.

Мицкоски се надева дека СДСМ ќе се одважи и ќе прифати да има предвремени парламентарни избори, бидејќи се уште има време да се организираат истите. Според него тои би се одржале заедно со вториот круг од претседателските избори.

Инаку Мицкоски во Струга учествува на работниот викенд на највисоките органи на ВМРО ДПМНЕ, што се одржува во соработка со Националниот демократски институт

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged