Полицијата го затекнала како го прекршува полицискиот час, па откриле дека претходниот ден извршил тешка кражба

Регион

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга.  

– На 29.03.2020 година во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга. По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој, на 28.03.2020 година, извршил тешка кражба во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, против правно одзел повеќе видиви на електрични машини и апарати, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged