СВР Охрид со информации за вчерашната сообраќајка кај Оровник

Црна хроника

На осми февруари оваа година, во 18.45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Оровник, се случила сообраќајна незгода во која М.П. (23) и Л.С.(29), двајцата од Охрид, се здобиле со повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во незгодата учествувале товарно моторно возило кое го напуштило местото на настанот и патничките моторни возила „Опел Астра“ со охридски регистарски таблици, управувано од повредената М.П. и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од повредениот Л.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged