(ФОТО) Временска прогноза за викендот

Македонија

Времето во земјава во утринските часови ќе биде студено, а преку денот променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 1, а дневната од  5 до 13 степени.

Во сабота не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.

Врнежите од дожд ќе се задржат до недела претпладне. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged