Охриѓанец ќе треба да плати 2.000 евра бидејќи не го почитувал полицискиот час

Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според  член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност

Please follow and like us:
Tagged