Полицијата кај Подмолје сопре жители на села од Дебар и Центар Жупа кои излегле од зоната на карантин

Охрид

На 06.04.2020 година во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М.(26) од дебарското село Отишани.

Во возилото како сопатници беа О.И.(29), К.Н.(20), со две малолетни лица, сите од селото Долгаш, општина Центар Жупа, како и А.Џ.(20) од дебарското село Џепиште. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во членот 206 од Казнениот законик, а по претходна консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, лицата се задржани и запознат е Судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи во работата со малолетните лица. Дополнително, извршено е запознавање на Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите лица, под полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged