Мицкоски од опозиција донесе две големи донации, СДСМ како власт ниту една

Македонија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за само 4 дена обезбеди две големи донации за заштита на здравствените работници од две земји членки на Европската Унија, додека СДСМ во време на власт ниту една.

Првата донација која што ја обезбеди Мицкоски доаѓа од Република Словенија и премиерот  Јанез Јанша кој е претседател на СДС, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанша на барање на Мицкоски испрати 100.000 заштитни маски и медицински ракавици.

Но, и покрај обидите на владата и провладините медиуми да ја претстават како свој успех и со тоа да се китат со туѓи перија, словенскиот премиер Јанша на социјалната мрежа Твитер објави дека во телефонски разговор со Мицкоски бил известен  за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија со справување на пандемијата од Ковид 19 и го замолил за помош.

Втората донација која што пристигна вчера Мицкоски ја најави минатата недела во гостување на една од националните телевизии. Имено, станува збор за заштитна опрема 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери за медицинските лица, донирана од Република Унгарија.

Вчера во официјална посета на Република Македонија беше министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто кој што оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Имено, на заедничка прес конференција, Мицкоски и Сијарто ја потврдија долгогодишната пријателска и партиска соработка помеѓу двете сестрински партии, ФИДЕС и ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски упати благодарност до унгарскиот премиер Виктор Орбан и Сијарто за хуманоста и солидарноста која што ја демонстрираaт во овие тешки моменти за Република Македонија.

-Благодарност до Унгарија и до целиот унгарски народ што во вакви тешки моменти демонстрира хуманост и споделува помош која е добредојдена за оние кои што се во првите линии во борбата против оваа пандемија на корон, изјави Мицкоски.

Додека пак Сијарто посочи дека причината поради кој е во Македонија е телефонскиот повик помеѓу него и Мицкоки каде што исткнал дека Македонија има потреба од хуманитарна помош.

„Причината што сум тука денес е телефонскиот повик кој го добив од Христијан Мицкоски минатата недела. Повик во кој тој потенцираше дека постои потреба од хуманитарна помош од Унгарија со цел заштита и спречување на ширењето на пандемијата која ни се случува“.

Додека власта носи уредба со законска сила за исплата на плати на Специјалното јавно обвинителство кое што се покажа како корумпирана институција, Мицкоски побара од страна на власта да го прифати предлогот и уредбата на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе ја поднесат за исплата на парична награда на лицата кои што се вклучени во заштита на здравјето на граѓаните и борба против коронавирусот, односно како што рече тој, тие се вистинските херои кои се борат на дневна основа за заедничко здравје.

Обидите на власта и СДСМ туѓиот успех да го претстават како свој не е прв пат и претставува грубо однесување и прекривање на сопствената немоќ да направат нешто за Република Македонија и граѓаните во овие кризни моменти во кои што се наоѓа Република Македонија со Ковид 19.

извор: Курир

Please follow and like us:
Tagged