Ангеловска: Сте се збуниле, работниците ќе земат само 9.000, а не 14.500 денари

Македонија

Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми што се погодени од коронакризата, како и на самостојните вршители на дејност, аплицирањето е лесно, условите едноставни, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување на емисијата „Економски магазин“.

Таа напомена дека забуна е што се смета дека овие средства се наменети за исплата на нето-плата. Ангеловска го посочува Законот за работни односи согласно кој во услови на прекин на работните услови во виша сила фирмите можат да исплаќаат 50 отсто од плата, согласно што во угостителскиот сектор каде просечна нето плата е 18.000 денари, со средствата од мерката се покрива сервисирање и на платата и на придонесите.

– Законот за работни односи, член 112 вели дека во прекин на работен однос може да се пуштат работниците со 70 отсто плата, во случај на виша сила може да се пуштат со 50 отсто плата. Значи ако разговараме за угостителскиот сектор, кој според Државниот завод за статистика вработува 30.000 лица кои имаат бруто плата од 26.000 денари и нето плата од 18.000 денари за 2019, компаниите за да ги задржат работниците ги пуштиле дома со 50 отсто, тоа значи дека тие имаат нето-плата од 9.000 денари. Нето плата од 9.000 денари со придонеси и персонален данок изнесува 14.500 денари, што значи дека во овој случај мерката ја покрива комплетно таа плата од 50 отсто за тие компании кои веќе го направиле тоа, вели Ангеловска.

извор: Весник.ком

Please follow and like us:
Tagged