(ФОТО) Викендов сончево и топло, следната недела промена на времето

Охрид

Суво и топло време најавуваат синоптичарите за викендот. Утринските температури ќе бидат над нулата, а дневните ќе достигнат до 25 степени.

Утре, минималните температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 14 до 24 степени. Во недела ќе има пораст и на утринските и на дневните температури.

Веќе од почетокот на следната недела се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, но дневните температури ќе бидат без промени.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged