Јаулески: Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи на терен се со цел изнаоѓање решенија за проблемите кои ги мачат младите луѓе

Македонија

Денеска во Струга заврши дводневниот настан организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ во соработка о Националниот демократски институт (НДИ) од САД именуван како „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.

Цел на овој настан беше градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата, Унијата на млади сили, Унијата на жени, како и други членови од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, односно потесното раководство на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ присуствува тука во Струга на семинарот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и нашите партнери од Националниот демократски институт на тема „Рефлектирање кон минатото и планирање на иднината“ со тоа што после долго време Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Пратеничката група и Извршниот комитет присуствува на овој семинар каде што се детектираат предизвиците од минатото и ги планираме следните чекори кои треба да ги преземеме во иднина, а со тоа ни се овозможува како нас Унијата на млади сили и на Пратеничката група, Унијата на жени и Извршниот комитет како една целокупна структура и мотор на партијата да учествуваме и заедно да ги градиме политиките кои што треба да го донесат ВМРО-ДПМНЕ на власт, политиките кои што треба да донесат подобар живот за граѓаните на Република Македонија и политиките кои ќе ја поразат оваа бесперспективност на СДСМ, ова денеска од Струга за КУРИР го изјави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.

Тој напомнува дека Унијата на млади сили активно учествува со иницијативи, предлози во креирање на решенија и политики за младиот човек во Република Македонија.

-Се детектира се она што беше погрешно направено во минатото, треба да бидеме чесни и да си ги признаеме нашите грешки и во иднина истите да ги поправиме и да донесеме подобар живот за младиот човек, затоа што проблемите на младиот човек се многу големи. Пред се иселувањето на младите луѓе од Република Македонија, младинската вработеност која е на рекордно ниво во Европа, сиромаштијата,како и образованието. Сакам да напомнам дека ВМРО-ДПМНЕ со Унијата на млади сили ќе продолжи и понатака да оди од комитет до комитет, од општина до општина, да допре до секој млад човек и да изнајде решенија за проблемите кои ги мачат младите, вели Јаулески.

Извор: Курир

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged